Очекуваме Realme наскоро да го објави остатокот од Realme 9 семејството, но веќе добиваме добра идеја за тоа што да очекуваме од Pro моделот, благодарение на серијата протечени фотографии и листата со спецификации обезбедени од @OnLeaks и Smartprix

Тие откриваат дека Realme 9 Pro ќе има отвор за селфи камерата во горниот лев агол на екранот, тенки рамки наоколу и наводно стаклена позадина. На рендерите е прикажана полноќната црна варијанта, но во извештајот се тврди дека Aurora Green и Sunrise Blue се исто така во центарот на вниманието.

Кога станува збор за екранот, нè очекува 6,59-инчен FHD+ OLED панел со стапка на освежување од 120 Hz со читач за отпечатоци под него. Snapdragon 695 5G чипсетот е лидер во хардверот, а покрај него има и 8GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Засега не е јасно дали ќе има други конфигурации.

Одзади се наоѓа главна камера од 64MP, на која и се придружува ултраширока камера од 8 MP и макро сензор од 2MP. Селфи камерата ќе има сензор од 16MP.

Уредот се напојува со батерија од 5.000 mAh која може да се полни преку стандард од 33W.