Четботите се создадени за да одговорат на секое ваше прашање – сепак, многумина ги користат за сексуално експлицитна содржина.
Истражувачи од неколку американски универзитети, од Беркли до Стенфорд, во соработка со колеги од ОАЕ, ги проучувале начините на кои луѓето комуницираат со големи јазични модели (LLM) во реални сценарија.
Во нивниот труд, тие го претставија LMSYS-Chat-1M, голема база на податоци што содржи милион разговори на 210.000 корисници со чет-ботови на 150 светски јазици.
Дискусиите за софтверските грешки се главна тема за комуникација со чет-ботови, но забележани се и значителен број други теми кои спаѓаат во категоријата „барања за експлицитно и еротско раскажување приказни“ и „експлицитни сексуални фантазии и сценарија за играње улоги“.
Ваквата содржина е тема на секое десетто прашање што луѓето го поставуваат на чет-ботови, а местата од првото до десеттото се полни со прашања за алатките за интерфејс, дизајн на софтвер, програмирање, барања за сумирање на текстови итн.
Истражувачите ја разгледуваат можноста за тримесечно ажурирање на информациите и ги охрабруваат другите колеги да ги истражат презентираните теми, со цел да обучат подобри модели користејќи вештачка интелигенција.