Во Финска за прв пат во светот е направена батерија од песок која може да придонесе за решавање на еден од најголемите предизвици во обновливите извори на енергија.
Тој предизвик е како да се обезбеди постојано снабдување со енергија во текот на целата година. Како што пренесува Би-Би-Си, концептот на батеријата е едноставен – електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија се претвора во топлина, која се насочува во контејнер со 100 тони песок. Во оваа прилика песокот се загрева до 500 степени Целзиусови.
Температурата во песокот може да се одржува со месеци, а во зимските месеци може да се користи за загревање на станбени и деловни објекти. Дополнително, ова ја обезбедува топлината потребна во одредени производни процеси.
Светот моментално се потпира на фосилни горива, а повеќето батерии се направени од литиум, кој е скап и оскуден ресурс. Неговата експлоатација носи значителни негативни последици за животната средина.
Батериите, кои се направени во Финска, можат да содржат стотици кубни метри песок и можат да се постават под површината на земјата. Но, проблемот е што во светот има се помалку песок. Од друга страна, компанијата Polar Night Energy како производител на батерии тврди дека може да се користи неквалитетен песок или материјали слични на песок.