Во рамки на новиот серијал вебинари наречен #FITR CLASSROOM, два пати во месецот глобални експерти од најголемите светски брендови во различни области ќе го споделуваат своето искуство и препораки. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата Зум (ZOOM).
Првиот интерактивен вебинар е на 25.11.2020 година во 19 часот со Марвин Лиао, поранешен партнер во „500Startups“ и еден од најеминентните ангел инвеститори во Силиконската долина. Тој ќе се осврне на тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, теми кои ќе ве одведат кон подобар и побрз раст. Влезниот маркетинг и продажбата им помагаат на сите видови бизниси да растат подобро, но постојат и посебно истакнати тактики кои можат да го катапултираат растот, особено на стартапите.
Инаку, Марвин има повеќе од 19 години искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој ја води акцелераторската програма во Сан Франциско, а истовремено инвестира и во договори за почетен капитал. Неговите инвестиции се насочени кон дигиталните медиуми, рекламни технологии, маркетинг „ облаци“, е-трговија и мобилни стартапи низ целиот свет. Претходно тој имаше извршна функција во „Yahoo!“ повеќе од 10 години.
На следиот линк можете да се регистрирате за присуство на вебинарот – https://forms.gle/75La4Nk4umcJr2548. Следниот вебинар ќе биде на 09.12 на тема “Брендирање на вработените“, т.е. employee branding со претставник од Фејсбук.
Ова е само првата од повеќето иницијативи на ФИТР во следниот период со кои Фондот ќе инвестира во знаењето на македонските претприемачи и стартап заедницата, како придонес за нивен раст и дополнителен развој.