Кон крајот на ноември, хакерската група Snatch на Darknet објави снимка од украдени податоци од Volvo, иако Швеѓаните не сакаа официјално да го потврдат нападот. Сега извршниот директор Хакан Самуелсон и официјално го вклучи алармот
„Трета страна незаконски пристапила до еден од нашите системи за податоци“, се вели во соопштението на компанијата.
Внатрешните истраги потврдиле дека податоците доаѓаат од одделот за истражување и развој, односно дека се работи за особено деликатни и чувствителни податоци. Тоа може да се одрази на бизнисот, за што надлежните се веќе информирани.
Купувачите на шведскиот производител на автомобили, кој е дел од кинеската групација Geely од 2010 година, не се погодени од нападот. Така барем тврди компанијата.
Засега не се знае која била целта на хакерите…