Амбер Херд ќе поднесе жалба на пресудата за клевета

пред 2 години

Актерката од „Аквамен“ Амбер Херд планира да поднесе жалба на одлуката на поротата дека го клеветела поранешниот сопруг Џони Деп кога тврдела дека преживеала сексуално насилство, изјави нејзиниот адвокат во четвртокот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Седумчлената поротата во Вирџинија во средата пресуди дека Херд го наклеветила поранешниот сопруг, ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ и наложи да му плати отштета од 15 милиони долари.

Поротата, исто така, утврди дека на Херд, која поднесе противтужба за клевета, треба да добие оштета од 2 милиони долари.

Елејн Чарлсон Бредехофт, адвокатка на Херд, во емисијата „Тудеј“ на Ен-би-си изјави дека адвокатскиот тим на Деп успеал да прикрие голем број докази што биле дозволени во случајот клевета во Британија, кој Деп го загуби.

„Пред помалку од две години Деп го тужеше британскиот весник ‘Сан’ затоа што го нарече тепач на сопругата. Високиот суд во Лондон утврди дека Деп ја злоупотребил Херд најмалку десетина пати, но адвокатите на Херд не смееја да го кажат тоа на поротата во случајот Вирџинија,“ рече Бредехофт.

„И, што научи тимот на Деп од ова? Демонизирајте ја Амбер и потиснете ги доказите“, рече Бредехофт.

„Таа беше демонизирана овде“, додаде Бредехофт. „Во овој суд беа дозволени бројни работи што не требаше да се дозволат, а тоа предизвика збунетост кај поротата.“

Share
Scroll to Top