Белграѓанка е дел од тимот на НАСА кој го спушти роверот „Истрајност“ на Марс

пред 2 дена

Драгана Перковиќ Мартин од Белград, била дел од тимот на НАСА, кој го спушти роверот „Истрајност“ на Марс. Таа била задолжена за радарските системи, пренесува „РТС“.

„Мојот тим беше задолжен за правење на радарите кои произведуваше податоци за брзината на движењето на возилото до површината на Марс и растојанието на возилото до површината на планетата. Ние учествувавме во тие седум минути терор. Јас го водев тој тим и како еден од систем-инженери, кои беа одговорни за тоа како радарот функционира за време на слетувањето“, вели Драгана.

Радарот на кој Драгана работела нешто повеќе од осум години, повеќе не е потребен. По слетувањето, тој одлетал и се срушеил недалеку од роверот. Неговиот живот тогаш бил завршен, вели Драгана.

Роверот останува без радар за спуштање, иако на себе има друг радар, кој ќе продолжи да произведува научни податоци. Студот на Марс ќе ги диктира карактеристиките на роверот и инструментите, објаснува Драгана.

„Истрајност“ има за цел да бара докази за постоење на живот на Марс. На „Црвената планета“ се претпоставува дека пред 3.5 милијарди години имало вода.

„Инженерскиот тим кој се занимава со роверот, проверуваат дали сите инструменти на него и неговите компјутери се во ред. Засега роверот нема испратено никакви значајни научни податоци, но ни испрати една прекрасна панорама, која ја направил со една од главните камери кои се наоѓаат на него“, вели Драгана.

Мисијата „Истрајност“ е планирана да трае две марсовски години, што е малку повеќе од нашите две години на Земјата. За луѓето на Балканот, слетувањето на роверот има посебно значење, поради името на кратерот Езеро, наречено по една општина во Босна и Херцеговина.

 

 

Share

Attack on Titan: Junior High Episode 12 at AnimeFreak anime freaks tv

Watch Rascal Does Not Dream of a Dreaming Girl Episode Full (https://wcostream.cc/m/yQGE/ep-1) at website https://wcostream.cc dubbed anime

Scroll to Top