Рускиот претседател Владимир Путин испратил елита од 400 платеници од Африка во Украина за да ги убие познатите браќа Владимир и Виталиј Кличко. Платеници имаат задача да елиминираат 24 водачи во Украина, меѓу кои и познатите светски шампиони во тешка категорија во бокс.
Станува збор за црна листа на Путин со угледни луѓе во Украина. Виталиј во последните осум години како градоначалник на Киев стекна голема популарност, исто како и доброволното пристапување на Владимир во војска, пренесува „Би-би-си“.
Нивниот пример го следеа и двајца други големи укрански боксери, Васил Ломаченко и Олександр Усик, кои веќе ја бранат Украина. Познатите браќа работат на голема промоција за Украина и станаа симбол во земјата, па затоа се високо позиционирани на листата за отстрел на Путин.
„Вагнер групата која брои 400 одлично опремени и извежбани платеници кои во јануари стигнаа од Африка, а ги донел Јевгениј Пргожин, кој е близок сојузник на рускиот претседател. Го нарекуваат и готвачот на Путин. Пред пет недели тие дојдоа во Белорусија и тргнаа кон Киев.
За убиството на украинскиот врв им била исплатена голема сума на пари. За нивните планови се известени сите високи врвни официјални лица. Сите кои се на листата, платениците ги следат преку нивните мобилни телефони.
Британски „Тајмс“ тврди дека засега е запрена акцијата за убиство на Зеленски поради преговорите кои почнаа во понеделникот. Но, тие преговори, како што вели изворот, се само стратешка стапица, затоа што Путин не сака мировен договор.
За потсетување, на Путин му е одземен и почесниот црн појас во теквондо, објави Меѓународниот сојуз со седиште во Сеул, наведувајќи го нивното мото „Мирот ни е подрагоцен од триумфот“.
Тие ја осудија руската акција во Украина, објаснувајќи дека со бруталниот напад на невини жртви се прекршија сите спортски вредности, почит и толеранција.
„Поради тоа Меѓународниот сојуз по теквондо, одлучи да му го одземе почесниот црн појас на Путин кој му беше доделен во 2013 година“, е наведено во соопштението на Сојузот.
Организацијата исто така се придружи на забраната на Меѓународниот олимписки одбор за истакнување на руското знаме и интонирање на руската химна на сите меѓународни натпреварувања. Одлуката е донесена откако Меѓународната џудо федерација во неделата објавија дека ќе го суспендираат статусот на Путин за почесен претседател и амбасадор на овој спорт.