Брус Вилис ќе се повлече од актерството поради когнитивна болест

пред 3 години

Брус Вилис, ѕвездата на култниот серијал „Умри машки“ и на десетици други акциони филмови, се повлекува од актерството откако му била дијагностицирана афазија, болест што ги попречува неговите когнитивни способности, објавија медиумите во средата, цитирајќи соопшение на неговото семејство.

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, се наведува во соопштението на семејството.

Вилис (67) се прослави во ТВ-серијата од 1980-тите Moonlighting („Случајни партнери“) и глумеше во околу 100 филмови во текот на својата четиридецениска кариера, добивајќи признанија за улогите во Pulp Fiction („Евтини приказни“) и The Sixth Sense („Шесто сетило“). Има освоено „Златен глобус“ и две награди „Еми“.

Но, Вилис е можеби најпознат по улогата на тврдоглав њујоршки полицаец кој гони лоши момци во петте филмови „Умри машки“, објавени од 1988 до 2013 година.

Share
Scroll to Top