(Видео) Експлодира ракетата на Илон Маск што требаше да пренесува луѓе на месечината

пред 5 години

Последниот прототип на ракетата „Старшип“ од следната генерација на „Спејс Икс“ експлодираше за време на слетувањето, по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас.

Слична судбина ја снајде и претходната ракета „Старшип СН 8“, што ја разви компанијата на милијардерот Илон Маск. Ракетата е дизајнирана да пренесува луѓе и товар до 100 тони во мисии на Месечината и на Марс.

„Спејс Икс“ вршеше тест за летање на голема височина на серискиот број 9 на „Старшип“ (СН9), при што компанијата соопшти дека тоа е „втор тест на суборбитален лет на височина на прототип во округот Камерон, Тексас“ .

Преносот на летот во живо покажа како ракетата успешно се лансира, но експлодирала од ударот кога се обидела да слета.

 

Share
Scroll to Top