(Видео) Путин воопшто не бил на велигденската литургијата во московскиот соборен храм, тврдат теоретирачи на заговор

пред 3 години

Некои заговорници шират видео на интернет од велигденската литургија во московскиот соборен храм и тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин воопшто не присуствувал на овој настан. Тие тврдат дека тој бил претходно снимен и монтиран.

На видеото Путин држи запалена свеќа во празна катедрала во Москва, а до него се неговите телохранители. Заговорниците тврдат дека тој бил однапред снимен, затоа што се плашел да излезе во јавност по руската инвазија врз Украина.

Снимката потоа била монтирана на видеото од велигденската литургија која подоцна се рашири на социјалните мрежи. Заговорниците споделија уште едно видео од Путин, како стои пред фреската во катедралата и додека држи свеќа си ја гризе усната. До него се гледа круна.

Потоа на неа се гледаат свештеници, а зад нив е дел од фреската со круната, но го нема Путин. Потоа следи снимка на која Путин стои покрај круната.

И во двете снимки, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стои до Путин. Некои коментираат дека бојата на неговата вратоврска е различна на двете снимки. На едната е црна, а на другата црвена. Засега не е јасно кога е видеото направено и дали е автентично.

За потсетување, претходно руските медиуми објавија видео од Путин како држи свеќа за време на полноќната литургија.на велигденската литургија на Руската православна црква.

Share
Scroll to Top