Фустанот што го носеше Ким Кардашијан на овогодинешната „Мет Гала“ вреди 4,8 милиони долари и се смета за најскап фустан продаден на аукција.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Фустанот го дизајнирал Жан Луис во далечната 1962 година, а Мерлин Монро го облече на прославата на 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди. Култниот фустан во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно вшиени кристали беше купен на аукција во 2016 година од синџирот музеи Ripley’s Believe It or Not, за речиси 5 милиони долари.
Фустанот првично чинел 12.000 долари и, наводно, бил толку тесен што рабовите биле шиени на самата холивудска икона, па не е изненадување што Ким била подложена на ригорозна диета за да „влезе“ во него.
Таблоидите пренесуваат дека Ким ослабела седум килограми за само три недели.
„Фустанот го носеше Мерлин Монро кога му пееше „Среќен роденден“ на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година. Го пробав и не ми бше точен, беше претесен. Им реков да ми дадат три недели и дека ќе ослабам седум килограми. Тоа беше голем предизвик за мене“, им рече реалити-ѕвездата на дописниците на „Вараети“ на црвениот тепих на гламурозниот настан „Мет Гала“ во понеделникот.
„Бев решена да се вклопам во него и не јадев шеќер и јаглехидрати 21 ден. Редовно имав зеленчук и протеини на менито. Не гладував, но бев на строга диета. И така, успеав“, додаде таа. Според „Вог“, Кардашијан дошла на идеја да го носи фустанот во текот на минатогодишната „Мет Гала“.
„Монро е една од најамериканските работи кои можете да ги замислите,“ изјави Ким.
„Идејата ми дојде на минатата Мет Гала. Си помислив, што би направила за американска тема а да не изгледа на Баленсијага? Која е најамериканската работа што можете да ја смислите? Тоа е Мерлин Монро. За мене најголем момент е Мерлин Монро кога пее Happy Birthday.“