Вил Смит, наводно, денес (8 април) ќе дознае дали може да го задржи својот „Оскар“ за најдобар актер во главна улога, кој му беше доделен минатиот месец.
Холивудскиот актер предизвика голема врева на овогодинешната церемонија во Лос Анџелес кога на сцената му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.
53-годишниот Вил не беше импресиониран од шегата што Крис ја направи за неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Неколку дена подоцна, Вил поднесе оставка од Академијата и според еден нејзин член, 54-те членови на Одборот – од кои 25 се жени – биле „целосно поделени“ пред сослушувањето на случајот.
Според извор на „Сан“, имало најмалку два различни Зум и конференциски повици со различни членови и челници во текот на изминатите десет дена.
„Одборот реши претходно оваа недела да се забрза сослушувањето по оставката на Вил, и за време на тој повик беше јасно дека конечната одлука ќе биде донесена во последен момент.
„Членовите -кои ги има над 9,000, со стотици WhatsApp групи што летаат наоколу – се целосно поделени,“ рекол инсајдерот, како што пренесува „Мирор“.
„Но, како што сите знаеме, Холивуд е закон сам за себе.“