Холивудските студија „Дизни“, „Ворнер Брос“ и „Сони пикчрс ентертејмент“ соопштија дека нема да ги прикажуваат претстојните филмови во Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина и хуманитарната криза што се следи по нападите.
Walt Disney Co во понеделникот соопшти дека го паузира прикажувањето на кино-филмовите во Русија, почнувајќи со претстојното издание на „Пиксар анимејшн студиос“, Turning Red.
За неколку часа, и WarnerMedia соопшти дека ќе го паузира овонеделното издание на „Бетмен“ во Русија.
„Идните одлуки ќе ги носиме врз основа на тоа како ќе се развива ситуацијата“, се наведува во соопштението на Дизни. „Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите невладини партнери за да обезбедиме итна хуманитарна помош.“