Доналд Трамп смета дека кралицата треба да им ги одземе кралските титули на војводата и војвотката од Сасекс

пред 3 години

Поранешниот американски претседател смета дека 96-годишната кралица Елизабета Втора требало да преземе акција кога принцот Хари и неговата сопруга Меган ја објавиле својата намера да се повлечат како високи членови на кралското семејство за да започнат нов живот во Америка пред две години.

Запрашан дали тој би им ги одзел титулите на принцот Хари и Меган ако е на позицијата на кралицата, тој рече: „Да, секако.“

„Принцот Хари е срам за монархијата,“ рече Трамп во разговор со ТВ-водителот Пирс Морган во неговата нова емисија. „Тој дозволува сопругата да го влече за нос“.

„Јас не сум фан на Меган уште од самиот почеток. Кутиот Хари го влечат за нос. И мислам дека е срам. Кога таа зборуваше лошо за кралското семејство, а особено за кралицата …“

Share
Scroll to Top