„За љубов се пее до крај“ – Објавени најголемите хитови на Влатко Илиевски

пред 4 месеци

Две години по смртта на пејачот Влатко Илиевски, во негова чест е објавена компилација од неговите најголеми хитови, „За љубов се пее до крај“. На новото ЦД се наоѓаат песните кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, како „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, „И премногу добро“… Тука е и песната „Недостигаш“, која во негова честја испеаа неговите обожавателки Елена, Матеа, Викторија и Анастасија.

Ова ЦД е некомерцијално и во ограничен тираж.

„Oва е колекција на една мала-голема кариера, каква што беше таа на Влатко. Мала поради времето и фактот дека имаше уште многу да каже и да покаже, а голема бидејќи, без оглед на поминатите години, неговите песни останаа да живеат. Десетте дискографски години на Влатко, колку што траеше неговата соло-кариера, се една од најубавите и најтажни музички приказни создадени под ова парче небо“, велат издавачите на компилацијата.

Share

How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://crunchyrollfree.com/m/Q8VQ) Episode Preview at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium account list

Armor Shop for Ladies and Gentlemen II (https://animefreak.ws/m/poGk) Episode 3 at AnimeFreak animefreak bleach

Scroll to Top