„Нетфликс“ регрутира учесници за реално ТВ-шоу инспирирано од хит-серијата „Сквид гејм“, неговата најпопуларна серија на сите времиња.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Сепак, нема да биде живот или смрт во прашање, како што е прикажано во јужнокорејската дистописка драма.
Наместо тоа, 456 регрути од целиот свет ќе играат игри каде што најлошо нешто што може да им се случи е да си одат дома со празни раце, пропуштајќи ја наградата од 4,56 милиони долари.
„Нетфликс“ претходно оваа недела потврди дека популарната серија ќе биде обновена за втора сезона.
А во вторникот, стриминг-платформата соопшти дека телевизиското шоу од 10 епизоди – Squid Game: The Challenge („Сквид гејм: Челинџ“) – ќе ја понуди најголемата актерска екипа и најголемата парична награда во историјата на реалити-телевизијата.
Учесниците треба да имаат најмалку 21 година. Тие мора да зборуваат англиски и да бидат достапни најмалку 4 недели за снимањето, кое треба да почне во 2023 година.