Популарните пејачки Мадона и Бритни го повторија бакнежот

пред 2 години

На венчавката на популарната поп-пејачка Бритни Спирс, одржана оваа недела, Бритни и Мадона го повторија својот познат бакнеж од сцената, кој го разменија на доделувањето на МТВ наградите во 2003 година, пренесуваат агенциите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според написите, Бритни и Мадона потоа го изведоа хитот на Мадона „Like a Virgin“ заедно со Кристина Агилера. За време на настапот, кој го следеа поранешното момче на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк и тогашниот сопруг на Мадона Гај Ричи, Мадона ги бакна Бритни и Кристина во уста.

Оваа недела Мадона на социјалните мрежи објави фотографии на кои таа и Бритни повторно се бакнуваат, овој пат на свадбената прослава на поп принцезата. Бритни Спирс се омажи за Сем Асгари, фитнес тренер и модел, во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

„Бритни изгледаш толку среќно и заљубено. Ти и Сем, ти посакувам се најдобро! Минатата ноќ беше забавна и испотена“, изјавила Мадона.

Мадона објавила и заедничка фотографија на која Донатела Версаче, Парис Хилтон, Селена Гомез и Дру Баримор позираат со Бритни облечена во раскошна венчаница од Версаче.

Бритни и нејзиниот сопруг се запознале на снимањето на спотот на „Slumber Party“ во 2016 година, а се вериле во септември минатата година. Во таа прилика пејачката изјавила дека запросувањето било „прилично доцна“. Свадбата се одржа неколку месеци по завршувањето на тринаесетгодишното старателство што го контролираше животот на Бритни Спирс. Тој контроверзен договор беше раскинат од Врховниот суд на Лос Анџелес во ноември минатата година.

Share
Scroll to Top