Нема фотографии од средбата на Лилибет со нејзината прабаба, кралицата, но има прва фотографија од неа.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, го изненадија светот објавувајќи прекрасен портрет на ќерка им Лилибет по повод нејзиниот прв роденден.
Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, која го доби името во чест на својата прабаба, кралицата Елизабета Втора, чиј прекар од детството беше Лилибет, наполни една година на 4 јуни.
Во Лондон, за да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата, принцот Хари и Меган Маркл решија да направат интимна, приватна роденденска забава во Фрогмор Котиџ, домот на парот на имотот Виндзор, што исто така послужи како повод кралицата (96) првпат да се сретне со својата правнука.
По приватниот собир, на кој наводно немало присутни официјални фотографи за да го овековечат моментот, Сасекси ја задоволија нестрпливата јавност со портрет на ќерката.