Родители од село во руската република Алтај, во Сибир, како казна го оставиле своето петгодишно дете надвор на студот да седи голо и босо. Тие му ја зеле облеката и патиките и како казна за неговото лошо однесување, го исфрлиле надвор.
Истрагата која била направена од надлежните подоцна покажала дека момчето седело на студот и мразот долго време без ништо на себе. Службите веднаш го зеле момчето од неговите родители заедно со неговите двајца браќа.