Свршеницата на убиениот новинар Кашоги бара казна за саудискиот престолонаследник

пред 5 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Вереницата на саудискиот новинар Џамал Кашоги бара без одложување да се казни саудискиот престолонаследник поради вмешаност во случајот со неговото убиство.

„Ова нема да ја донесе само правдата која ја баравме, туку ќе спречи повторување на слични дела“, навела во соопштението Хатиџе Ченгиз.

Соопштението е издадено откако американската известувачка служба, откри дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го одобрил убиството на Кашоги.

Саудиска Арабија го отфрли тој извештај, пренесе „Би-би-си“.

Престолонаследникот Мохамед, кој всушност е владетел на кралството, негирал било каква улога во убиството на Кашоги. Новинарот беше убиен за време на неговата посета во саудискиот конзултат во Истанбул во октомври 2018 година, а неговото тело било распрачено.

Share
Scroll to Top