Сопругата на Брус Вилис им се заблагодари на фановите за поддршката

пред 3 години

Само еден ден откако семејството на Брус Вилис обелодени дека акционата икона заминува во пензија, неговата сопруга Ема Хеминг им се заблагодари на сите фанови за нивната поддршка.

43-годишната манекенка и актерка, заедно со најстарата ќерка на Вилис, Румер, во средата на социјалните мрежи сподели дека на Вилис му била дијагностицирана афазија, болест што влијае на неговите когнитивни способности и дека поради оваа состојба, тој се повлекува од актерството.

Хеминг ја сподели својата „Инстаграм-приказна“ во четвртокот вечерта заблагодарувајќи им се на фановите за поддршката што ја изразија за 67-годишниот актер, легенда на акционите филмови, кој стекна слава со ликот на упорниот њујоршки полицаец во петте филма „Умри машки“.

„Вашата љубов, поддршка, сочувство, молитви – навистина помагаат“, напиша Хеминг во објавата на „Инстаграм“.

„Благодарна сум. Ви благодарам од сè срце“, додаде таа.

Share
Scroll to Top