Крајбрежната стража во Норвешка ослободила кит кој бил заплеткан со јаже кај норвешкиот Институт за истражување на морето.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Посадата на локалната норвешка компанија пред два дена го забележала китот и ја известила крајбрежната стража, наведува „Ројтерс“.
„Можевме да видиме дека китот е исцрпен, беше потполно мирен“ изјавил капетанот на стражата.
Четворица чувари со мал чамец отишле во спасувачката акција.
„Приоѓавме многу полека за да не го вознемириме. Беше исплашен и почна да биде агресивен“ раскажуваат спасувачите кои за 15-тина минути успеале да го ослободат китот.