Шефот на „Нетфликс“, Скот Стубер, вели дека „Оскар“ за најдобар филм би било остварување на сонот

пред 3 години

Стриминг-гигантот би можел да ја земе наградата за најдобар филм на „Оскарите“ в недела, за што шефот на оригинални продукции на „Нетфликс“, Скот Стубер вели дека би било остварување на сонот.

„Сите ние пораснавме сакајќи го тоа“, вели Стубер во неговото прво емитувано интервју во Обединетото Кралство, пренесува Би-би-си.

„Сите ние влегуваме во соба со таа надеж и сон. Можеш ли да направиш филм што ќе се смета за најдобар?“

„Нетфликс“, некогаш ‘новото дете на блокот’, собра 27 номинации за „Оскар“ за овогодинешното доделување на престижните награди, повеќе од кое било друго студио.

„Моќта на кучето“, приказна за двајца завојувани браќа сместена во Монтана во 1920-тите, е еден од фаворитите за најдобар филм.

Режисерката на филмот, Џејн Кемпион, исто така е номинирана за најдобра режија, а ѕвездите Бенедикт Камбербач, Коди Смитмекфи, Џеси Племонс и Кирстен Данст за актерски награди.

„Нетфликс“ никогаш не освоил „Оскар“ за најдобар филм, и покрај претходните номинации за „Рома“, „Манк“ и „Ирецот“. Оваа година, тој се соочува со конкуренција од друг стриминг-гигант, „Епл“, чиј филм „КОДА“ исто така е меѓу глвните фаворити.

Share
Scroll to Top