Поп-ѕвездата Џастин Бибер се најде на црната листа на „Ферари“ поради промена на бојата на својот автомобил во неонско сина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Канадскиот хитмејкер го прекрши кодексот на однесување на италијанскиот производител на автомобили со бојадисување на неговото бело Ferrari 458 Italia бидејќи брендот има строги правила за да го зачува престижот.
Во 2016 година, Џастин го изгуби автомобилот по долга ноќна забава во Лос Анџелес. Неколку години потоа, го стави возилото на хуманитарна аукција.
Веб-страницата luxurylaunches.com објави дека другите модификации што ги напарвил Бибер вклучуваат браници со грд изглед и несоодветни бандажи.
Веб-страницата додаде: „Ова е црвено знаме за ‘Ферари’ бидејќи брендот ваквото однесување го третира како сакрилегија“.
„Ферари“ има правила кои налагаат дека сопственикот не може да го продаде својот автомобил во првата година и дека треба претходно да ја информира компанијата за да има можност да го откупи назад. Неовластените модификации се навредливи за брендот.
Џастин (28) не е првата ѕвезда што ги прекршила правилата. На црната листа е раперот Фифти Сент, актерот Николас Кејџ и Ким Кардашијан.
Фабио Бароне, претседател на најголемиот светски клуб на возачи на „Ферари“, го поддржува потегот за зачувување на достоинството на производителот.
„Ферари е уметничко дело, па затоа е правилно производителот да испрати порака дека мора да се заштити,“ изјави Бароне.