Џејда Пинкет Смит по инцидентот на „Оскарите“: Ова е време на исцелување

пред 3 години

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, се огласи на Инстаграм во вторникот, нејзин прв јавен коментар откако сопругот го удри комичарот Крис Рок на овогодинешната церемонија на „Оскарите“.

Вил се качи на сцената во неделата и му удри шлаканица на Крис како одговор на шегата за ќелавата глава на неговата сопруга, која има болест што предизвикува губење на косата.

А во вторникот, првпат по скандалот на 94. доделување на „Оскарите“, Џејда твитна: „Ова е сезона на исцелување, и тука сум за тоа.“  Не го спомна директно инцидентот, така што, не е јасно што се крие зад оваа мистериозна порака и што сакала да порача.

Во понеделникот Вил им се извини на Крис, на филмската академија, на продуцентите на свечената церемонија и на гледачите, велејќи дека неговото однесување било неприфатливо, и дека реагирал емотивно на шегата за здравствената состојба на неговата сопруга.

Академијата за филмски уметности и науки од 9,900 членови ги осуди постапките на Смит и соопшти дека го разгледува случајот.

Ако утврди дека Смит ги прекршил нејзините стандарди на однесување, членовите би можеле да го избркаат од организацијата, да му го одземат „Оскарот“ или да го прогласат неподобен за идни награди.

Церемонија на доделување „Оскари“ ја следеа просечно 16,6 милиони американски гледачи на „Еј-би-си“, според ажурираните бројки објавени во вторникот. Тоа е зголемување за 58 отсто од историски најниската гледаност во 2021 година.

Околу 17,3 милиони гледаа кога Вил Смит го нападна Крис Рок. Гледачката публика потоа падна на 16,8 милиони, но се искачи на 17,4 милиони кога Смит одржа говор со солзи додека го прифаќаше трофејот за најдобар актер.

Share
Scroll to Top