„АББА“ повторно се обедини за виртуелен концерт во Лондон

пред 2 години

Членовите на легендарниот шведски бенд „АББА“ го направија своето прво јавно појавување по 14 години на премиерата на нивниот концерт Abba Voyage во Лондон во четвртокот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Агнета, Фрида, Бени и Бјорн повторно се обединија на отворањето на виртуелниот концерт, кој всушност содржи дигитални верзии од нив.

Фрида го гледаше шоуто со широка насмевка на лицето, додека Бени стана и ракоплескаше на големиот хит Dancing Queen.

Тие на крајот се појавија пред завесата, со заглушувачки аплауз од публиката.

„АББА никогаш не не напушти, во моето срце“, изјави пејачката Агнета Фалтског за „Би-би-си“ на црвениот тепих.

„Не беше толку тешка одлуката повторно да се собереме бидејќи музиката е дел од нас.“

„Сонував за ова со години“, додаде Ани-Фрид Лингстад. „Ја сакаме нашата музика, сакаме да пееме.“

На почетокот на вечерта присуствуваа голем број музички ѕвезди, меѓу кои Кајли Миног, Софи Елис-Бекстор, Џарвис Кокер и Кира Најтли.

Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија, исто така, се придружија на публиката – што значи дека присуствуваше вистинска кралица на танцувањето (асоцијација на песната Dancing Queen).

Концертот се подготвуваше уште од 2016 година и содржи револуционерна нова технологија која ја рекреира глетката на „АББА“ во нивниот врв од 1970-тите, со хитовите како SOS, Voulez-Vous и Lay All Your Love On me.

За да се направи спектакл, бендот пет недели настапуваше во специјално костуми за снимање на движења, со 160 камери кои го скенираа движењата на телата и изрази на лице.

Познати како „АББА-тари“, ликовите не се 3D холограми, како што сите инволвирани во продукцијата се трудат да истакнат.

Наместо тоа, ликовите се појавуваат на масивен екран од 65 милиони пиксели, со светла и други ефекти што ја бришат границата помеѓу дигиталните елементи и „реалниот свет“ во арената.

Share
Scroll to Top