Абдулразак Гурна ја доби Нобеловата награда за литература

пред 4 години

Танзанскиот писател Абдулразак Гурна (73) е овогодинашниот добитник на Нобеловата награда за литература. Нобеловиот комитет истакна дека наградата ја добил поради неговиот „бескомпромисен и сочувствителен продор во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“.

Гyрна е роден во Занзибар во 1948, а од 1960-те живее во Англија, каде работи како професор на Универзитетот во Кент. Почнал да пишува на 21 година додека бил во егзил во Англија и иако неговиот мајчин јазик бил свахили, тој почнал да го користи англискиот.

Тој е автор на десет романи и бројни раскази. Најчесто во неговите дела е опфатена темата за проблемите со кои се соочуваат бегалците.

Неговиот најпознат роман е „Рајот“ (Paradise) го напиша во 1994 година, каде раскажува за животот и патешествието на африканско момче, продадено при враќање на долг од неговиот татко пред почетокот на Првата светска војна. Последната книга на Гурна, „Животите после смртта“ (Afterlives) од 2020 година, се случува пред крајот на германската колонизација на Источна Африка, во 1919 година.

Престижната награда ја доделува Шведската академија на науките, и се состои од златен медал и 10 милиони шведски круни (над 1.14 милиони долари).

Најмладиот лауреат кој ја добил оваа награда е англискиот писател, новинар, писател на раскази, поет и романсиер Родјард Киплинг, на 41 година, додека најстариот е лауреатката Дорис Лесинг, на 88 години.

Share
Scroll to Top