Американка ги тужи Инстаграм и Снепчет поради самоубиството на 11-годишната ќерка

пред 2 години

Жена од Конектикат, американската сојузна држава, ги тужи компаниите „Снеп“ и „Мета“, која е сопственик на Инстаграм. Таа тврди дека зарди  зависноста од нивните социјални мрежи се самоубила нејзината ќерка, Селена Родригес, лани на 11 години.

Во тужбата стои дека нејзината смрт била предизвикана од ислклушиво опасни содржини на платформите, а девојчето страдало од екстремна зависност од Инстаграм и Снепчет.

„Родригес повеќепати ѝ го одземала телефонот на својата ќерка, но таа бегала од дома за да биде на социјални мрежи. Селена се лекуваше од својата зависност. Еден психијатар изјави дека никогаш не видел пациент толку зависен од социјални мрежи“, соопшти Правниот центар за жртвите на социјални медиуми

Во тужбата се наведува и дека на Селена постојано ѝ барале сексуално експлоататорски содржини, што таа на крајот и ги споделила. Фотографиите потоа се ширеле меѓу нејзините соученици, што дополнително ѝ ја влошило состојба.

 

Share
Scroll to Top