Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која во втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ го освоила 11-тото место, укажуваат податоците од гласањето објавени на официјалната страница.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што македонската претставничка не успеа да се квалификува за само една позиција.
Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.
Вчера во Торино, Италија се одржа финалето на музичкиот натпревар, пришто победи Украина со песната „Стефанија“.
Во финалната вечер учествуваа 25 држави.