Бившата му го искрши киоскот на бугарскиот секретар во Битола

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Бившата сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од неговиот киоскот кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња на патот кон црквата Света Недела во Битола. Таа вчера јавно на Фејсбук напиша дека го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања  поради кои е гневна . Таа порача дека и во Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

Полицијата превзеде мерки и тврдено дека тоа го направила сопругата која и сама ја призна вината. 

Предходно, секретарот  пријавил  дека тоа го направиле оние кои имаат нетрпеливост кон бугарите.  Од центарот „Иван Михајлов“ на Фејсбук првично објавија: „Одново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“. На крај се сведе дека ова е љибовна драма , а не меѓудржавен инцидент. 

Share
Scroll to Top