Амбер Херд беше мета на потсмев на социјалните мрежи во текот на судската битка за клевета со Џони Деп, во која беа вклучени и наводите за насилство од интимен партнер, коментира „Би-би-си“ и го поставува прашањето дали случајот може да има застрашувачки ефект врз други обвинувачи во иднина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Поротата во Вирџинија во средата потврди дека Деп бил клеветен од Амбер Херд во авторски текст од 2018 година во кој таа се опишала себеси како „јавна личност која застапува семејна злоупотреба“, иако не го именува него во текстот.
Според британскиот јавен сервис, пресудата изненади некои правни експерти, особено што уследи по поразот на Деп во сличен случај во Обединетото Кралство пред речиси две години.
„А за госпоѓа Херд, тоа беше речиси целосно отфрлање на нејзиното сведочење. Деп жестоко ги негираше наводите на неговата поранешна сопруга за емоционална, физичка и сексуална злоупотреба, за која таа тврдеше дека се случила во неколку наврати во текот на нивната петгодишна врска. Оваа недела, поротата застана на страната на господин Деп, и утврди дека наводите се лажни.“
Херд рече дека пресудата ѝ го скршила срцето. Нејзиниот тим соопшти дека ќе поднесе жалба.
„Но, во судот на јавното мислење, се чинше дека госпоѓа Херд изгуби уште пред да биде донесена пресудата.“
Во текот на судењето, кое траеше шест недели, пред поротата да ја изрече својата пресуда беше воспоставен консензус на интернет дека Херд лаже. Нејзиното сведочење беше нашироко исмејувано, а хаштаговите кои ја нарекуваат социопат беа тренд на „Твитер“.
Петицијата за нејзино отстранување од претстојниот „Аквамен 2“ доби повеќе од 4,4 милиони потписи. На „Тик-ток“, парови глумеа експлицитни акти на насилство (користејќи го гласот на Херд) во очигледен обид да покажат дека се фабрикувани.
Вистината е дека без разлика на исходот на судењето, Деп излезе херој.