Британски судија пресуди во случајот клевета: Деп е насилникот

пред 3 години

Холивудската sвезда Џони Деп во понеделникот ја загуби битката за клевета со британски таблоид кој го нарече „тепач на жена“, откако судија на Кралскиот суд на првадата во Лондон пресуди дека тој повеќепати ја нападнал својата поранешна партнерка и ја довел во ситуација да стравува за нејзиниот живот.

Во пресуда со која сериозно може да се наруши угледот и кариерата на Деп, судијата Ендру Никол рече дека ги прифаќа тврдењата на поранешната сопруга на актерот, Амбер Херд, дека насилно ја напаѓал за време на нивната бурна петгодишна врска.

„Открив дека повеќето од наводните напади на г. Деп врз г-ѓа Херд се докажани според граѓански стандарди“, рече судијата. „Подносителот на барањето не успеа да ја докаже постапката за клевета“.

Деп (57), sвезда на блокбастери како „Пиратите од Карибите“ и „Едвард раце ножици“, ги тужеше News Group Newspapers, издавачи на весникот „Сан“и главниот уредник Дан Вутон во врска со напис од 2018 година во кој се вели дека бил насилен кон Херд.

Share
Scroll to Top