Бруклин Бекам, синот на фудбалскиот ас Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, наводно, потпишал предбрачен договор пред неговата венчавка со богатата наследничка Никола Пелц, закажана за следниот викенд.
23-годишниот Бруклин и 27-годишната актерка треба да се венчаат на 9 април, а медиумите пренесоа дека забавата ќе чини 3 милиони фунти (5,3 милиони долари).
Имајќи предвид дека богатството на нејзиниот татко Нелсон е многу поголемо од родителите на Бруклин, доколку парот се разведе, нивниот сопствен имот ќе биде заштитен.
Според „Мејл он сандеј“, богатството на родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија, е проценето на 380 милиони фунти, а на таткото на идната невеста, Нелсон Пелц, на 1,3 милијарди фунти.
Веста за потпишувањето доаѓа во екот на подготовките за саботната церемонија и забава, вредна 3 милиони фунти, во замокот на семејството Пелц во Палм Бич, Флорида.