Бабата Кутијама, од индиската држава Керала, научила да чита и да пишува на 104 години, пишуваат тамошните медиуми. Таа отсекогаш сакала да оди во школо, но тоа што рано се омажила почнала да ја одржува куќата и го оневозможиле да го оствари сонот.
„Имав 16 години кога родителите ме омажија. Ни моите браќа и сестри не знаеја да читаат и да пишуваат“, рече бабата.
Но, нејзината желба конечно се исполнила кога добила можност да се приклучи во програмата за описменување која ја спонзорирала владата. Кутијама на 104 години научила како да чита и пишува, нешто што го посакувала уште како дете.
„Сакав да бидам учителка, но, тоа не беше можно затоа што никогаш не одев во школо“, рече бабата.
Таа почнала да учи пред година дена. Рече дека седела покрај внук ѝ додека тој учел и внимателно го следела, пренесува „Би-би-си“.
Бабата станала главна вест откако освоила 89 од вкупните 100 поени на официјалниот тест за писменост.
„Испитот не беше тежок“, рече бабата.
Таа додала дека се надева дека ќе живее доволно долго за да ги види внуците како стануваат успешни и добри работници.