(Видео) Милановиќ снимен како си го закопчува шлицот, па си го брише носот со раката

пред 2 години

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера го одликуваше Врхобосанскиот кардинал Винко Пуљиќ за, како што беше истакнато, зачувување на хрватскиот идентитет, како и за меѓурелигиски, културни и хуманитарни активности.

Поради однесувањето на Милановиќ за време на одликувањето, видеото од оваа церемонија набрзо стана хит на Твитер.

Претседателот на Хрватска стоел до кардиналот, а камерите го снимиле во еден момент како прво го закопчува шлицот, а потоа со рака си го брише носот, пренесува Klix.ba.

„ Прво закопчување на шлицот, па бришење на носот со марамче, па сапун и парфем“, „Гледај го Пуљиќ како го гледа шлицот“, „Избриши му го носот со ракавот“, „Урнебесно. Овој господин до него гледа и се чуди“, „Ова треба да има GIF“, „ Ги покажа сите свои вистински манири“, се само дел од реакциите на Твитер.

Share
Scroll to Top