(Видео) Навивачите на Пелистер фрлаа плишани мечиња на терен и се приклучија на светската хуманитарна акција за сиромашните деца

пред 4 години

Битолчани вечерва во салата „Боро Чурлевски“ на мечот меѓу Пелистер и Вардар, фрлија стотина плишани играчки кои ќе бидат донирани на децата од ранливи категории. Тие играчките ги фрлија на полувремето кое Вардар го доби со 17: 13.

Претходно екипата на Пелистер апелираше до сите оние кои ќе го проследат дуелот да понесат плишани мечиња и да се вклучат во светската хуманитарна акција, која можеме да ја видиме деновиве на сите терени.

За потсетување, слична ваква акција викендот беше видена и на фудбалскиот натпревар во Севиља меѓу Бетис и Реал Сосиедад во Шпанија, кога навивачите пред мечот фрлија илјадници плишани мечиња, кои потоа беа донирани на сиромашните деца.

.

(Видео) Прекрасната божиќна традиција на навивачите на Бетис, фрлаа плишани мечиња за сиромашните деца

Share
Scroll to Top