(Видео) Напад пред Белата куќа, приврзаници на Трамп биле избодени со нож

пред 5 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

На социјалните мрежи се појави снимка од напад во близина на Белата куќа во Вашингтон, во кој повредени се неколку лица, кои се дел од десничарите.

Американските медиуми објавија дека четворица мажи поврзани со десничарската група Proud boys, наводно во средадата, рано наутро во Вашингтон, се ранети и избодени со нож, за време додека ја славеле победата на Доналд Трамп во близина на Белата куќа.

NBC News повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека четворицата се згрижени во болница и дека нивните повреди не се опасни по живот.

Водачот на  Proud boys, Енрике Тарио изјавил дека бил прободен во стомак, додка неговата колешка Бевелин Беати, добила удар во грбот.

Тарио тврдел дека неговата група била нападната откако тргнале да му помогнат на постар маж, кој исто така бил нападнат.

Според пишувањата на Newsweek, напаѓачите биле Афроамериканци.

Share
Scroll to Top