(Видео) Напаѓачот од Перм ги објавил мотивите пред да го изврши масакрот во Универзитетот

пред 3 години

Локалните медиуми го идентификуваа напаѓачот на Универзитетот во Перм. Станува збор за 18 годишниот Тимур Бекмансуров, а според информациите од медиумите, пред да биде убиен во престрелката со полицијата, тој убил осум, а ранил шест лица.

Во постот на социјалните мрежи напишани непосредно пред нападот, Тимур ги објаснил своите мотиви. Тој објаснил како ја добил дозволата за да носи и да може да користи оружје. Вели дека успеал да ги положи сите потребни психијатриски тестови.

Објаснил дека го избрал овој Универзитет, затоа што пред четири години направил сериозна грешка, а според тоа што го напишал, експертите велат дека станува збор за момче кое било во тешка психијатриска состојба.

„Колку и да се познавам себе си, секогаш ќе мислам на смрт. Не знам колку можам да убијам, но, ќе направам сè за да понесам колку можам повеќе со мене“, напишал Тимур.

Извор/Индепендент