Првиот официјален трејлер за четвртиот филм од научнофантстичната сага „Матрикс“ конечно излезе.
Фановите со нетрпение го чекаа првиот трејлер, и, со тизер веб-страницата WhatIsTheMatrix.com која понекогаш открива куси инсерти, може да се каже дека фановите беа доволно трпеливи.
Со официјален поднаслов The Matrix Resurrections, филмот е ново продолжение на трилогијата „Матрикс“, а во него, Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ги повторуваат своите улоги како Нео и Тринити.
Филмот треба да излезе во кината на 22 декември 2021 година.