(Видео) Принцот Хари ќе присуствува на погребот на својот дедо во цивилна облека

пред 3 години

Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип откако тој се повлече од своите должности во кралското семејство.

Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на кралските маринци, која ја презеде од неговиот дедо, како и на уште две почесни воени функции. Тоа значи дека тој не може да носи официјални униформи на настапи и најверојатно ќе пристигне на службата в сабота во костум како и другите поранешни војници. Тоа ќе биде сосем спротивно на неговиот татко, принцот Чарлс и неговиот брат, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во воена униформа.

Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во костум откако се повлече од јавната функција во 2019 година, поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.

Хари не се врати во Велика Британија откако поднесе оставка од сите функции во кралското семејство пред нешто повеќе од една година.

Војводата (36), наводно, отпатувал од својот дом во Калифорнија, додека на неговата бремена сопруга Меган Маркл и било препорачано да не лета за Велика Британија. Секако, Меган направила сè за да му се придружи на сопругот, но докторот не и дал дозвола да патува.

Војводата и војвотката објавија почит кон принцот Филип на интернет-страницата на нивната фондација Арчвел каде што пишуваше: „Во спомен на Неговото кралско височество војводата од Единбург 1921-2021 година. Ви благодариме за услугата … Многу ќе ни недостасувате.“

Share
Scroll to Top