googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Роверот на НАСА, „Истрајност“, трансформирал јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и ја претвори во кислород, што е прва трансформација направена на друга планета, соопштија од НАСА.
„Ова е клучниот прв чекор на претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс“, изјавил Џим Ројтер, еден од помошниците директори во НАСА.
Експериментот се случил на 20. април, а НАСА се надева дека наредната верзија на експериментален материјал, ќе помогне еден ден и човекот да користи трансформиран кислород од Марс.
Тоа ќе им помогне на астронаутите кои ќе отидат на мисија на Марс, да не носат со себе големи количини кислород, за да успеат да се вратат на Земјата.