(Видео) Со песна за заштита на планетата „Дајте музика“ ќе настапи на детскиот „Евросонг“

пред 4 години

Децата од серијата „Дајте Музика“ годинава ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија.

Песната во која се пее за заштита на планетата Земја и против загадувањето на воздухот се вика „Green forces“, а ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.

Годинава, 19. издание на Јуниорскиот „Евросонг“ ќе се одржи на 19-ти декември во Париз.

Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.

Share
Scroll to Top