(Видео) Телевизијата „Фокс њуз“ објави видеа од синот на Џо Бајден со проституки

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Во две ударни емисии, телевизиската мрежа „Фокс њуз“, во четвртокот вечерта, објави експлицитни фотографии и видеа од синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, како е легнат во кревет, а друштво му прават неколку проститутки.

Џош Босвел од „Дејли Мејл“, му се придружи на Такер Карлсон, по објавениот текст за тоа „Што не било во книгата на Хантер Бајден“. На првата фотографија, наводно е прикажан Хантер, додека две голи жени седат на него, а на креветот е и неговото куче.

На другата фотографија, наводно се гледа Хантер додека се смее, и ја влече една од девојките за коса. Босвел тоа го објаснил како прилично вознемирувачка работа.

Хантер, во своите неодамна објавени мемоари, „Прекрасни работи“, отворено пишувал за својата борба со зависноста од дрога и опоравувањето. истите снимки се објавени и во емисијата на Шон Хенти со Кенданс Овен.

51-годишниот правник Хантер, на 255 страници, пишува за својата зависност од дрогата и алкохолот, но, и за трагедиите кои му се случиле, како што е смртта на неговата мајка и брат му Бо. Во автобиографијата, Бајден пишува за тоа како за првпат пробла алкохол на осум години.

Пишувал за тоа како дочекал чаша шампањ на забавата која неговиот татко ја направил по победата на изборите за Сенат. Првпат бил пијан на 14 години, за време на студиите на Џорџтаун во Јејл. Тој открил дека не се ни обидувал да се отрезне.

Тој се пријавил на одвикнување, дури откако станал татко по трет пат. Но, пак потфрлил, за време на еден лет, кога во авионот на една од стјуардесите и побарал коктел, а потоа уште три до крајот на летот. Хантер не крие дека секогаш бил склон на алкохолот.

Вели дека целосно го погодила смртта на неговиот постар брат Бо, кој бил државен обвинител и на 46 години починал од глиобластом, малигнен тумор на мозокот.

Тогаш дефинитивно му се распаднал бракот и тоа поради врската со вдовицата на неговиот покоен брак, која, како што тој изјавил, била единствената која можела да ја разбере неговата тага и болка.

Покрај алкохолот, Хантер се навлекол и на кокаинот и на неговиот многу поевтин дериват, крекот, кој го купувал на улиците. Неговата дилерка била средовековна бездомничка, чие име во книгата, тој не сакал да го објави.

Хантер се надева дека по објавувањето на книгата, таа ќе му се јави, ако сè уште е жива. Тој сака да и помогне, нешто што го смета за своја мисија.

Share
Scroll to Top