(Видео) Уапсена девојката која си го фрли бебето во контејнер

пред 2 години

Алексик Авил 18 годишна девојка од Ново Мексико, е уапсена откако била снимена како го фрла своето бебе во контејнер. Камерите ја снимиле во градот Хобс. Таа стигнала со кола, а во црна ќеса и било завиткано бебето.

Шест часа подоцна, тројца луѓе го пронашле бебето, кое за среќа сè уште било живо. Тие веднаш го однеле во болница. Против Вил е подигнато обвинение за обид за убиство и занемерување на детето.

Од полицијата пренесоа дека таа го признала делото.

„Бев шокирана кога го видов видеото. Не можам да спијам со ноќи знаејќи дека така некој може да фрли бебе. Кој може да стори такво нешто. Тоа е зло“, рече сопственикот на продавницата на која се наоѓале камерите кои ја снимиле Авил.

 

Share
Scroll to Top