Во Нов Зеланд се одржа концерт со 50.000 луѓе, најголем во светот од почетокот на пандемијата

пред 5 години

Новозеландската група Six60 одржа концерт пред 50.000 луѓе во градот Окланд, без дистанца и заштитни маски. Ова е најголемиот ваков настан во светот од почетокот на пандемијата.

Нов Зеланд има една од најниските стапки на смртност од Ковид-19. Евидентирани се само 2.601 случаи на коронавирус, а починале 26 лица. Во моментов во земјата има 30 активни случаи.

Употребата на маски е задолжителна само во јавниот превоз и во авионите, а мерката за држење дистанца не постои.

Share
Scroll to Top