(Галерија) Блиндираните автомобили во кои се возеше Тито биле опремени со се, од мини-мар до најмодерна машинка за бричење

пред 4 години

Поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито, имал пет Мерцедеси во кои се возел низ Европа. Првиот го набавил во 1964 година, за време на осмиот технички саеим во Белград.

Тито бил воодушевен од квалитетот и карактеристиките на возилото. Во возилото имало и комплет за бричење. Мерцедесот 600 од 1978 година бил единствениот блиндиран мерцедес со шест врати од тоа време.

Токму овој блиндиран Мерцедес, го сменил начинот на производство во компанијата. Кратко време по купувањето, овој автомобил бил пренесен со авион во Финска, но, прозорците почнале да се нишаат за време на транспортот.

Автомобилот бил испратен на поправка, а потоа, еднослојните прозорци беа заменети со повеќеслојни. Мерцедесите имале првокласна кожа, систем за отворање на прозореците, подвижен покрив и спуштање на задните седишта.

Се напојувале со уникатен систем за компримиран воздух, кој течел низ целиот автомобил. Покрај мини-барот, посебена климатизација и радио, секој пулан 600 што го купил потоа, по експресно барање на маршалот, бил опремен со најмодерни додатоци за бричење со огледало и колонска вода.

Шестиот автомобил на Тито бил Ролс Ројс. Тоа е фантом од петта генерација, со волан на левата страна, шесто парче од направената прва серија. Аспираторот се отвора на страна и е продолжување на познатиот симбол Ролс Ројс. Овој автомобил се користел и за време на лов, од двете страни има две големи светла кои ги контролираат лостите во кабината на возачот.

Има алуминиумски V8 мотор со волумен од 6,230 кубни сантиметри со SU карбуратори и 250 коњски сили, а истиот беше купен во 1960 година.

Во јавноста се шпекулира дека овој автомобил му бил даден на Тито како подарок од британската кралица Елизабета, но, вистината е дека тој е купен, иако кралицата се возела во него како последен гостин во 1972 година.

За време на официјалните посети Тито, се возел во овие автомобили, а подоцна до 2000 година со истите се возеле и подоцнежните претседатели на Југославија, како и голем број светски државници. Последниот странски службеник што седнал на задното седиште на блиндираниот Мерцедес бил претседателот на Белорусија. Александар Лукашенко.

 

Share
Scroll to Top