(Галерија) Највпечатливите модни комбинации од црвениот килим на Греми наградите

пред 4 години

Викендов во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми наградите.

Некои познати личности се одлучија да не присуствуваат на доделувањето, а некои се одлучија да се појават во интересни и необични креации.

Дуа Липа во фустан на „Версаче“, ја подигна наградата за најдобар пoп албум.

Раперот Да Бејби носеше шарен „Долче и Габана“ костум. Били Ајлиш беше облечена во нејзин стил, во „Гучи“ костум со шапка и ракавици со исти детали.

Тејлор Свифт носеше креација на Оскар де ла Рента, кој што изјави дека специјално ја издизајнирал за неа и за Греми наградата, за која Тејлор постави нов рекорд. Оскар  самиот фустанот го нарече „цветниот фолклор“ како и името на албумот на пејачката, „Фолклор“. Во комбинација со фустанот таа носеше и маска со слична шара.

Американската раперка, Доџ Кет, на Греми наградите се појави во необичен фустан, па токму затоа, според американските модни критичари, ја понесе неславната титула на најлошо облечена дама. Фустанот беше украсен со зелени, кафеави и црни пердуви на долниот дел, и бел горен дел изработен од еко кожа со црни и жолти детали.

Во продолжение галеријата со дел од необичните модни комбинации од 63-тото доделување на Греми наградите.