Гвинет Палтроу ги сподели најдобрите моменти од 2021 година

пред 2 години

Гвинет Палтроу се наврати на „најдобрите моменти од 2021 година“, како што напиша, во новата објава на Инстаграм, каде сподели нови фотографии со сопругот Бред Фалчак и нивните деца.

Искажувајќи благодарност кон своите најблиски, вклучително и мајка ѝ Блајт Данер, 49-годишната актерка и сопственичка на велнес брендот „Гуп“ објави досега невидени фотографии со сопругот Бред, и со двете деца од претходниот брак со фронтменот на „Колдплеј“ Крис Мартин, ќерката Епл (17) и синот Моузес (15).

Ова вклучуваше вечера со свеќи со Фалчак (50) и неговите деца Изабела и Броди од неговиот 10-годишен брак со Сузан Букиник, кој заврши во 2013 година.

„Најдобрите делови од 2021 година, ги сакам моите пријатели со сето мое срце, го сакам човекот со кого сум омажена, сакам да патувам и да бидам мајка и маќеа на четири неверојатни луѓе кои длабоко ги сакам“, напиша таа на слајдшоуто.

Обраќајќи им се на своите приближно 8 милиони следачи на социјалната мрежа, основачката на Goop додаде: „Ви посакувам на сите љубов и радост, изобилство и големи работи оваа година!“

Share
Scroll to Top