Војводата и војвотката од Кембриџ им се придружија на принцот од Велс и војвотката од Корнвол за светската премиера на „Џејмс Бонд: Не е време за умирање“ во лондонскиот Ројал Алберт Хол.
Црвениот тепих е моментот кој сите го очекуваа со нетрпение, а особено шоу-биз медиумите и фановите на британската монархија, кои беа воодушевени од кралскиот гламур што го демонстрираа војвотките во елегантни вечерни фустани, и принцовите во смокинзи.
Кејт блесна во златен фустан украсен со кристали и монисти, креација на Џени Пакхем.
Чекорејќи на црвениот тепих со широка насмевка и златен фустан, 39-годишна војвотка привлече фото-објективи, љубопитни погледи и доби бројни комплименти за својот изглед.
Фоторепортерите го снимија моментот кога се поздрави со Даниел Крег.
Камила беше елегантна во бледо син светкав фустан од Брус Олдфилд.